Дома Интересно Руско чудо од 90 ката: Запознајте го највисокиот облакодер во Европа!

Руско чудо од 90 ката: Запознајте го највисокиот облакодер во Европа!

716
0

Интересното за оваа конструкција е дното на бетонската плоча, која влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема континуирана конструкција од бетон.

Во историскиот кварт Санкт Петербург е центарот Лахта – највисокиот облакодер во Европа. Тој е висок 462 метри и има 90 ката, од кои три се под земја.

Изградбата на овој јавно-деловен центар траела цели осум години – од 2012 до 2018 година, а повеќе од 20.000 работници од 18 земји учествувале во овој неверојатен проект на шкотската компанија.

За да се одржи тежината на облакодерот од 670 000 тони, на темелите требало да се истурат дури 19 624 кубни метри бетон, а целиот процес траел дури 49 часа.

На висина од приближно 370 метри, има видиковец од кој се шири прекрасен поглед на околината на овој руски град.

Центарот кула Лахта (462 м) е највисокиот облакодер во Европа. Повеќето катови се канцеларии на енергетската компанија Гаспром со над 5.000 вработени, но може да има и други деловни канцеларии, продавници, места за рекреација, кафулиња и дури 34 лифтови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име