Дома Позитив на денот Први април, денот на шегата и смеата! Априлилили…

Први април, денот на шегата и смеата! Априлилили…

1404
0

Во Македонија 1 април го одбележуваат маскирани луѓе, особено дечиња, облечени во интересни и уникатни маски. Денес секој може за момент да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу него. За денешниот ден се карактеристични маските кои се со цел да не насмеат и расположат.
Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги.
Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.
Секоја шега која ќе ја изговорите денес е првоаприлска, а лицето кое ја измислува потоа изговара “априлилили”.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име