Дома Светски дестинации Отворено е одморалиште на Малдивите, каде што една ноќ чини до 80.000...

Отворено е одморалиште на Малдивите, каде што една ноќ чини до 80.000 долари!

653
0

Изградено е одморалиште на Малдивите – приватниот остров Валдорф Асторија Итаафуши, каде една ноќ чини дури 80.000 УСД.
Малдивите се исклучително популарна туристичка дестинација составена од 1.200 мали острови и одморалиштата на нив се претежно приватни.

На секој остров има по едно одморалиште, а некои од нив можат да ги задоволат потребите на крајно бараните посетители.
Едно такво одморалиште е Waldorf Astoria Ithaafushi, кое беше отворено пред еден месец.

Се протега на над 32.000 квадратни метри и како такво е најголемото одморалиште, приватен остров на Малдивите. Една вечер на овој остров може да чини и до 80.000 УСД.


Наменето е да се сместат 24 гости во три објекти. Тоа се вили со базени и директен пристап до плажа. Архитектурата на просторот е опишана како „духовита и истовремено модерна. Шарм на кој не може да му се одолее“. Секој гостин има свој личен тим од луѓе што им служат.


“Просторот е дизајниран да ги задоволи најпребирливите посетители. Островот е одраз на ексклузивност и се наоѓа на едно од најинспиративните места во светот. Посветен тим ги обезбедува сите услуги”, посочи Нилс-Арн Шредер од Валдорф Асторија како партнер на Хилтон Азија Пацифик.


Овој остров е лесно достапен од меѓународниот аеродром во главниот град Мале. Гостите можат да дојдат со една од шесте јахти на одморалиштето, кое е оддалечено 40 минути. За оние кои сакаат да уживаат во неверојатниот поглед, морскиот авион со лет до островот трае 15 минути.


Кога станува збор за исхраната, гостите имаат на располагање кулинарски тим кој може да подготвува храна според различни желби. Се разбира, можно е да уживате во спортови на вода, нуркање и јахта. Третманите во велнес центарот исто така се прилагодливи на потребите на посетителите. Тука е и просторот за медитација и јога, како и посебен детски базен и игралиште.


Малдивите се повторно отворени за туристи од целиот свет од 15 јули минатата година. Повеќето од нив не мора да одат во карантин по пристигнувањето, но мора да се претстави негативен PCR-тест за коронавирус, направен не подоцна од 96 часа пред поаѓањето. Во него мора јасно да се наведат името и адресата на лабораторијата, како и датумот на земање мостри.

Сепак, и Малдивите се сериозно погодени од пандемијата на коронавирусите, исто како и повеќето земји кои се потпираат на туризмот. Според Светска банка, туризмот претставува две третини од вкупниот БДП на земјата.
Малдивите доживеаја туристички бум во 2019 година кога бројот на посети се зголеми за 14,7 проценти, а вкупниот број беше рекорден 1,7 милиони. Посетата растеше од година во година. Властите се надеваа дека во 2020 година бројот на посети ќе биде два милиони.


Во изјавата минатиот мај, министерот за туризам Али Вахид го опиша влијанието на пандемијата како „поразорно од цунамито во 2004 година и рецесијата во 2008 година“, објави Си-Ен-Ен.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име