Дома Твој готвач Едноставен колач од морков со бела глазура

Едноставен колач од морков со бела глазура

713
0

Овај типичен американски колач е многу едноставен и ефикасен, а во исто време и здрав. Можете да го послужите во секоја прилика и нема да погрешите

СОСТОЈКИ

• 275 гр брашно • 4 јајца • 6 моркови со средна големина • 1 лажичка екстракт од ванила • 1 лажичка сол • 2 лажички сода бикарбона • 2 лажички цимет во прав • 200 мл растително масло • 200 гр бел шеќер • 100 гр шеќер во прав • 100 гр мелени бадеми За глазура • 225 гр крем сирење • 75 гр слатка павлака • 1 лажичка екстракт од ванила • 125 гр шеќер во прав (доколку сакате да ја наполните тортата со оваа смеса, дуплирајте ги состојките.)

ПОДГОТОВКА

  1. Во сад измешајте брашно, сода бикарбона, сол и цимет во прав. Во друг сад се ставаат маслото, шеќерот и ванилата, се мешаат со електричен миксер и се додаваат едно по едно јајце. Во тенката смеса постепено додавајте брашно и измешајте со шпатула. Кога смесата ќе се изедначи, додадете рендан морков и мелени бадеми. Добро измешајте, истурете ја смесата во калап за колачи кој претходно сте го подмачкале и посипете со брашно и печете 45 минути во рерна загреана на 180 степени.
  1. Извадете го колачот, оставете ја да се излади.
  2. Подгответе го филот и глазурата: изматете го сирењето со миксер околу 5 минути, па малку по малку додадете го шеќерот во прав. Потоа се додава слатката павлака и се меша уште неколку минути да се згусне.
  3. На крајот целиот колач премачкајте го со глазура.
  4. Декорирајте по желба, оставете во фрижидер неколку часа и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име