Дома Здравје 5 симптоми непогрешливо укажуваат на висок крвен притисок, доколку ги препознаете, веднаш...

5 симптоми непогрешливо укажуваат на висок крвен притисок, доколку ги препознаете, веднаш контактирајте го вашиот лекар

1142
0

Високиот крвен притисок или хипертензијата можат да бидат смртоносни доколку не се препознаат и лекуваат навреме, бидејќи доведуваат до проблеми како што се срцев удар и мозочен удар.

Имено, високиот притисок доведува до поголемо оптоварување на крвните садови, срцето и другите органи како мозокот, бубрезите и очите.

Вишокот тежина, дебелината и возраста од 65 и повеќе години го зголемуваат ризикот од висок крвен притисок.

Можете да ги намалите шансите за висок крвен притисок ако го ограничите внесот на сол, алкохол, кофеин и ако изгубите неколку килограми. За жал, високиот крвен притисок или хипертензијата често имаат симптоми кои не се многу видливи

Овие 5 симптоми може да укажуваат на тоа дека имате почеток на висок крвен притисок:
главоболка;
заматен вид;
вртоглавица;
губење на здивот;
болка во градите.

Внимавајте редовно да го проверувате крвниот притисок и доколку забележите некој од симптомите, веднаш контактирајте го вашиот лекар. На луѓето постари од 40 години им се советува да го проверуваат крвниот притисок и да одат на лекар на секои 2 години.

Ако имате притисок од 140 со 90 или повеќе, тогаш имате висок крвен притисок и треба да се грижите и да ги промените секојдневните навики.

За идеален притисок се смета дека е помеѓу 100 и 70 и 120 и 80, а низок е оној што не надминува 90 и 60, пишува dailystar.co.uk.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име