Дома Здравје Зошто ни отекуваат зглобовите? Кој се болестите???

Зошто ни отекуваат зглобовите? Кој се болестите???

3657
0

Во медицинската терминологија, зборот „едем“ значи оток. Најчесто се јавува околу зглобовите на нозете и може да биде доста непријатно. Ако не се лекуваат, отечените зглобови може да станат болни и да го отежнат одењето.

Отекувањето на зглобовите може да биде предизвикано од цела низа причини, од оние кои не се загрижувачки до оние кои се опасни по живот.

Експертите открија зошто зглобовите најчесто отекуваат и кога да реагираат.

Предолго седење или стоење

Ако треба да седите или да стоите долго време на работа, веројатно ќе имате често отечени зглобови. „Додека се движите, мускулите одговорни за движењето помагаат во циркулацијата на течноста и крвта. Без работата на тие мускули, крвта и течностите се собираат во нозете и зглобовите“, тврди д-р Стивен Вајнфелд.

Проблеми со тежината

„Луѓето со прекумерна тежина и дебели може да имаат отечени зглобови од две причини. Оптоварувањето поради вишокот килограми може да предизвика задржување на течности околу зглобовите, а дополнително поради складирање на хормони во масното ткиво ќе дојде до хормонален дисбаланс кој може да предизвика и задржување на течности“, вели д-р Вајнфелд.

Проблем со вените

Ако вените на вашите нозе не работат правилно, тоа ќе влијае на циркулацијата на крвта кон срцето која ќе остане во зглобовите на нозете. Лекарот објаснува дека вените имаат еднонасочни вентили кои можат да се релаксираат со текот на времето и да дозволат течноста да истече надвор. Тој вели дека олабавувањето на вентилот се јавува поради долго седење или стареење. Состојбата се јавува почесто кај луѓе постари од 50 години, а повеќе кај жени отколку кај мажи.

Артритис

Артритисот вклучува голем број различни состојби, а најчест симптом е оток на зглобовите, болка, вкочанетост на зглобовите и проблеми со движењето. Почесто е кај постарата популација, а ги зафаќа сите зглобови во телото, вклучително и зглобовите на нозете. „Кога ќе направам рендген и ќе видам дека некој има артритис, тоа секако го објаснува отокот на зглобовите. Тоа се случува поради воспалителни процеси“, вели докторката.

Срцеви проблеми

При конгестивна срцева слабост како резултат на болест на крвните садови или висок крвен притисок, барем една комора на срцето повеќе не може нормално да пумпа крв. „Доколку срцето не пумпа доволно течност, се враќа назад“, објаснува д-р Ден Пол. Најчесто, оваа крв се влече кон зглобовите, што ќе предизвика нивно отекување. Други симптоми на срцев удар се отежнато дишење, неправилно и забрзано чукање на срцето, постојана кашлица, проблеми со концентрацијата и болка во градите.

Несакан ефект од бременоста

Во текот на бременоста, телото поминува низ бројни промени, од кои најчеста е отекување на зглобовите на нозете. „Причината може да биде во вишокот крв и течност што се создава во телото, што му овозможува да се прошири во текот на бременоста, а со тоа го олеснува растот на бебето“, наведуваат во Американското здружение за бременост. Хормоналните промени и дополнителниот притисок врз вените ќе доведат до отекување на зглобовите за време на бременоста.

Инфекција

Ако имате рана во близина на зглобот што не сте ја дезинфицирале или залечиле, постои ризик бактериите да навлезат подлабоко во ткивото на зглобот, па преку крвотокот да се шират на други делови од телото. Црвенило, мекост на ткивото, топлина и отекување на зглобот се јасни показатели за инфекција. Децата и постарите лица се особено подложни на септичен артритис.

Бактериска или габична инфекција предизвикува воспаление на зглобовите. Исто така, причина за отечени зглобови на нозете може да биде целулитис, акутна бактериска инфекција на кожата и поткожното ткиво, поради која кожата се појавува црвена и задебелена, а најчесто започнува на нозете.

Проблеми со црниот дроб или бубрезите

Проблемите со црниот дроб или бубрезите може да придонесат за задржување на течности околу зглобовите. Во случај на оштетување или болест на бубрезите, бубрезите ослободуваат премногу течност и натриум или недоволно протеини во крвотокот.

Ова доведува до акумулација на течност, особено во долните екстремитети. „При откажување на бубрезите, може да се појави оток на целата нога под коленото“, вели д-р Вајнфелд. Заболувањата на црниот дроб значат и недостаток на протеини во крвта, поради што течноста се акумулира во долниот дел од телото.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име