Дома Твој готвач Посни земички со сусам (рецепт)

Посни земички со сусам (рецепт)

1021
0

Меки, посни земички со семе од сусам.

Состојки:

1/2 литар кисела вода

1 свеж квасец

4 лажици шеќер

2 лажички сол

200 мл масло

околу 1 кг брашно

млака вода

сусам

маслиново масло

Подготовка:

Во млака кисела вода измешајте го квасецот со шеќерот и оставете го да нарасне.

Во брашното додадете сол, додаден квасец и масло. Замесете средно меко тесто. Нека дојде.

Од тестото формирајте мали топчиња. Најважно е тестото нежно да го земете во рака и само малку да го обликувате, не месете го.

Се тркалаат од едната страна во млака вода, а потоа во сусам.

Се редат во намрсен плех и се остава да одмори малку.

Се пече на 250 степени додека не порумени.

Кога ќе ги извадите од рерна, веднаш премачкајте ги со маслиново масло.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име