Дома Здравје Дали знаете? Солта може да се најде во храната каде што НЕ...

Дали знаете? Солта може да се најде во храната каде што НЕ очекувате

510
0

Дури и ако внимавате на количината на сол во кујната, таа често се крие во многу намирници.

Прекумерното консумирање сол предизвикува зголемување на крвниот притисок и е ризик за кардиоваскуларни заболувања, миокарден инфаркт и мозочен удар, но е поврзана и со други хронично-дегенеративни болести, како што се рак на дигестивниот систем, остеопороза и хронични бубрежни заболувања.

Ограничувањето на употребата на сол е корисно, но недоволно ако се земе предвид дека голем дел од солта што ја консумираме секојдневно доаѓа од прехранбените производи на пазарот, од леб до сирења.

Понекогаш сол може да се најде во одредени намирници за кои дури и не се сомневаме дека ја содржат.

Топло чоколадо

Кога ќе помислите на шолја топло чоколадо, првото нешто што ви паѓа на ум е шеќерот. Но, чоколадото содржи и сол, чиј вкус е маскиран со шеќер.

Житарици за појадок

Една порција корнфлекс содржи 0,34 грама сол, која ја има во послатките житарки, како оние со карамела.

Готови салати

Непотребно е да се каже дека најдоброто решение е салатата да ја направите дома, доколку имате предвид дека некои готови салати содржат многу сол.

Мајонез

Мајонезот исто така содржи премногу сол. Можеби не е меѓу најсомнителните производи и обично се поврзува со голема количина на маснотии. Како и секогаш, советот е да го направите сами дома.

Хумус и крем сирење

Сирењето секако е вкусна храна, а кремастото уште повеќе. Хумусот купен во големите трговски ланци содржи и премногу сол. Подобро е да го подготвите дома за да биде богат со зачини и мириси наместо со голема количина сол.

Што исто така може да се направи за да се намали конзумирањето на сол?

  • секогаш читајте етикети
  • изберете храна која содржи помалку сол, односно помалку од 0,3 грама на 100 грама.
  • намалете ја солта на трпезата, дадете приоритет на зачините и ароматичните билки
  • намалете ја преработената храна богата со сол, како солени грицки, чипс, одредени салами и сирења и конзервирана храна.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име