Дома Живот Ова се причините за постојан замор кај мажите

Ова се причините за постојан замор кај мажите

636
0

Дали сте безволни, немате енергија, дали сте секогаш поспани? Повремениот замор не е загрижувачки, но доколку се случува секојдневно, може да укаже на проблем, па затоа е неопходна промена на животниот стил или посета на лекар.

Ова се некои од причините кои можат да предизвикаат ниско ниво на енергија кај припадниците на посилниот пол.

Исхрана

Недостатокот на внесување на сите потребни хранливи материи може да резултира со замор. Диетата базирана на зеленчук, цели зрна и протеини го зголемува нивото на енергија.

Низок тестостерон

Примарниот машки полов хормон игра важна улога за физичкото и менталното здравје, како и за нивото на енергија. Како што старее мажот, нивото на тестостерон природно се намалува. Ниските нивоа може да предизвикаат безволност, замор, па дури и депресија. Други симптоми на низок тестостерон се аргументираност, тешкотии со концентрирање, анемија, еректилна дисфункција, топлотен удар.

Вежбајте

И премногу и премалку вежбање ја имаат истата последица, замор. Вежбањето го подига нивото на адреналин и енергија, но само до одредена граница. Ако претерате, нивото повторно паѓа.

Нарушување на дишењето за време на спиењето

Доколку спиете многу во текот на денот, причината може да биде прекинот на дишењето во сон, кој може да се повтори во текот на ноќта и да трае до 10 секунди. Синдромот е почест кај мажите и дебелите луѓе. Симптоми на овој синдром се гласно ‘рчење, немирен сон, утрински главоболки, депресија, анксиозност, нервоза.

Несоницата

е почеста кај постарите лица, но може да влијае на мажите на која било возраст. Причините можат да бидат физички, емоционални, психолошки.

Анемија

Недостатокот на железо се рефлектира во постојан замор. Можеби виновникот е лошата исхрана, но недостатокот на железо може да предизвика и крварење во гастроинтестиналниот тракт.

Тироидна жлезда

Иако жените се повеќе склони кон болести на тироидната жлезда, мажите исто така можат да ја добијат. Симптоми на нејзината забавена работа се замор, летаргија, но и постојано чувство на студ.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име