Дома Здравје Истражување: Овие БАКТЕРИИ се водечка причина за смрт после срцевите заболувања

Истражување: Овие БАКТЕРИИ се водечка причина за смрт после срцевите заболувања

556
0

Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, според големото истражување објавено во вторникот, кое ги именуваше Staphylococcus aureus (златен стафилокок) и пневмококусот како две најсмртоносни бактерии.

Студијата, чии резултати беа објавени во списанието „Лансет“, избра околу триесет бактерии , најчестите причини за инфекции, а научниците се обидоа да проценат колку смртни случаи се поврзани со нив.

Истражувањето беше спроведено како дел од таканаречениот „глобален товар на болеста“.

Оваа истражувачка програма е од неспоредливи размери и вклучува неколку илјади истражувачи од бројни земји ширум светот. Авторите заклучија дека „смртните случаи поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот“ по коронарната срцева болест, меѓу кои се издвојуваат срцевите удари.

Од 7,7 милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, еден од осум се припишува на последиците од инфекција со Staphylococcus aureus и пневмокок. Овие податоци датираат од 2019 година, пред пандемијата на Ковид.

Од триесетте избрани бактерии, пет од нив предизвикуваат повеќе од половина од смртните случаи: стафилококус ауреус, ешерихија коли, пневмокок, клебселија пневмонијае и бацил пиоцијанин.

Staphylococcus aureus е „главна причина за смрт од бактериска инфекција во 135 земји“ , покажа студијата.

Пневмококните инфекции се најсмртоносни за децата на возраст под пет години.

Истражувачите велат дека овие резултати се јасен показател дека бактериските инфекции се „итен приоритет“ во јавното здравје.

Оттаму апелираат на ангажман за превенција од инфекции, помудро препишување на антибиотици, особено за да се избегне отпорност на овие лекови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име