Дома Живот Како да јадете леб и да не се здебелите?

Како да јадете леб и да не се здебелите?

950
0

Многу луѓе избегнуваат леб кога се обидуваат да ослабат, но тоа не мора да биде така.

Точно, лебот е полн со јаглехидрати, а во многу случаи се прави од високо обработено брашно. Сепак, постои здрав начин да се консумира леб кој нема да ве натера да се здебелите, пишува Eat This, Not That.

Неколку правила кои треба да ги следите ќе ви помогнат да уживате во лебот иако сте на диета.

Држете се до правилото 10:1

Едноставно е, на секои 10 грама јаглени хидрати лебот треба да содржи грам влакна.

Леб од цели зрна

Ако списокот на состојки започнува со шеќер, фруктоза, пченкарен скроб, бело или пченично брашно, многу е веројатно дека се работи за леб кој содржи едноставни јаглени хидрати. Ваквиот леб дефинитивно треба да го избегнувате.

Ако не сте сигурни дали лебот е направен од цели зрна, првите состојки на листата треба да бидат тие зрна.

Изберете органска пченица

Пченицата многу се промени во последните 50 години и треба да изберете органска пченица која е помалку изложена на пестициди.

Купете ферментиран леб

Лебот со ферментиран квас е полн со здрави бактерии кои помагаат во регулирањето на функционирањето на дигестивниот систем.

Јадете го со здрави масти

Слободно јадете го омилениот леб со здрави масти, како што се маслиново масло, кокосово масло и путер. Не само што ќе јадете побавно, туку ќе биде и повкусно.

Изберете потемни леб

Колку е потемно брашното од кое се прави лебот, толку е побогат со антиоксиданси.

Леб со семиња

Лебот со семки е преполн со хранливи состојки кои нема да ги добиете во обичниот леб.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име