Дома Здравје Кинеските експерти развија нов модел за предвидување на ризикот од деменција

Кинеските експерти развија нов модел за предвидување на ризикот од деменција

599
0

Кинеските експерти развија нов модел за предвидување на ризикот од деменција кој може да предвиди деменција во рок од пет, десет и повеќе години, пренесува Ксинхуа.

Врз основа на UK Biobank (UKB), голема биомедицинска база на податоци, истражувачкиот тим следел 425.159 луѓе без деменција, на возраст од 40-69 години. За време на следен период од, во просек, 11,9 години, 5.287 учесници развиле инцидентна деменција, а 2.416 развиле Алцхајмерова болест.

Истражувачите примениле стратегија заснована на податоци за да ги идентификуваат факторите на ризик од 366 кандидатски варијабли кои покриваат сеопфатен спектар на генетски и еколошки фактори, според трудот објавен во списанието EClinicalMedicine.

Истражувачите потоа користеле алгоритам за машинско учење за да ја пресметаат важноста на секој индикатор за моделот за предвидување на деменција, ги избрале првите десет и конструирале нов модел за предвидување на ризикот од деменција наречен UKB-DRP.

Меѓу десетте главни фактори на ризик се возраста, гените, процентот на маснотии на нозете, земање лекови, животниот век на мајката, долготрајните болести…

Предноста на моделот UKB-DRP е што десетте индикатори може брзо да се добијат преку анкета, едноставен физички преглед и рутински тест на крвта, рече Ју Џинтаи, професор во болницата Хуашан на Универзитетот Фудан.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име