Дома Твој готвач Спирални стапчиња со шунка и сирење (рецепт)

Спирални стапчиња со шунка и сирење (рецепт)

782
0

Сигурно многу често трчате до најблиската пекара и појадувате, а не знаете колку лесно можете да направите се што ќе купите таму.
Стапчињата со шунка и сирење се едно од најдобрите решенија за појадок, а доколку ги направите по овој рецепт, сигурно ќе бидат повкусни од сите што сте ги изеле во пекара.


Состојки:

200 мл топло млеко
100 мл топла вода
50 мл масло
2 лажички квасец или 20 гр свеж квасец
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
450-500 гр брашно
150 гр маргарин

Полнење:

200 гр домашно полномасно сирење
100 гр шунка
2 лажици кечап

1 белка (жолчките оставете ги да се премачкаат стапчињата)
1 лажица масло

За посипување:

сусам и лен

Подготовка:

Измешајте млеко и вода, потоа додадете 2 лажички шеќер, квасецот и 3 лажички брашно, па оставете го квасецот да нарасне. Во додадениот квасец се додава масло, малку брашно, сол, се замесува додека постепено се додава брашното. Тестото треба да биде меко. Да го оставиме на топло место да расте. Нараснатото тесто развлечете го во голема кора.

Здиплете ја кората на неколку дела премачкајте измеѓу со маргарин како постапка за лиснато тесто.

Повторно расукајте голема кора, на средина ставете кечап, изрендано сирење измешано со 1 белка и изрендана шунка одозгора, убаво премачкајте. Свиткајте ги краевите кон средината, стискајте со прстите да не истече филот, со рака формирајте правоаголник и малку расукајте го за да биде рамномерно насекаде. Исечете ги лентите на околу 2 см, завртете го едниот крај налево, а другиот надесно неколку пати. Се редат во плех обложен со хартија за печење.

Оставете ги да нараснат додека се загрева рерната. Изматете ги жолчките со 1 лажица масло и премачкајте ги стапчињата, посипете ги со сусам и лен. Се печат на 200 степени 20 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име