Брзината со која ја џвакате храната е многу важна.
Лекарите советуваат дека е многу важно храната да се јаде побавно и да се сече на помали парчиња. Во спротивно, поголемите парчиња храна може да предизвикаат надуеност и проблеми со варењето.
Варењето на храната започнува во устата, па начинот и брзината со која ја џвакате храната дополнително влијае на процесот на преработка на храната во организмот.
На мозокот му требаат околу 20 минути за да регистрира дека стомакот е полн, па затоа се препорачува побавно консумирање храна. Покрај тоа, придобивките од побавното џвакање се:
- подобра апсорпција на хранливи материи
- подобро варење
- поголемо уживање во храната
- намалено ниво на стрес
„Варењето не започнува во цревата, туку многу порано – во нашата уста – затоа погрижете се да одвоите време за да уживате во храната, џвакајќи го секој залак приближно 20 пати“ , вели нутриционистката Елинор Трап, која препорачува да не користите телефон или да гледате телевизија додека јадете:
„Пребрзо и избрзано јадење може да резултира со тоа што често јадете повеќе отколку што обично би јаделе. Исто така, кога јадете премногу брзо, не размислувате колку пати го џвакате секој залак, а тоа доведува до непријатно чувство на надуеност и варење. затоа што вашето тело нема време за правилно варење на консумираната храна“ , заклучува таа.