Дома Нега и убавина Компири за блескаво лице без брчки

Компири за блескаво лице без брчки

1651
0


Познато е дека компирот ги осветлува темните кругови, но компирот може да помогне и при други проблеми со кожата.

Главната состојка на компирот е скробот, кој може да помогне во заздравувањето на оштетените клетки на кожата, но содржи и значителни количини на калиум, витамини Б6 и Ц, кои ја чистат кожата и делуваат како антиоксиданс.

Компирите се една од основните намирници која мора да се најде во секој дом. А, додека подготвувате јадења со компири, одвојте дел од овој зеленчук за нега. Еве неколку рецепти:

За осветлување на лузните на лицето и беспрекорна кожа

Исцедете го сокот од еден компир, филтрирајте го, а потоа измешајте една лажица сок од компир со две лажици сок од лимон и две лажици глина. Оваа маска не ја нанесувајте на лицето, оставете ја да делува 10-15 минути, а потоа измијте ја со ладна вода.

За избелување на кожата

Измешајте една лажица пире од компири и една лажица сок од лимон. Нанесете на лицето и измијте по 10-15 минути.

За отстранување на потемните дамки од кожата

Нанесете пире од компири на дамките, држете 10 минути, а потоа измијте. Нанесете ја оваа маска еден месец за да се ослободите од флеките.

Маска против брчки

Помешајте една лажица пире од компири со една лажица јогурт. Сè добро измешајте и оставете да отстои 30 минути. Нанесете на кожата. Витаминот Б6, кој го содржи компирот, делува против стареењето на кожата.

Против темни кругови

Измешајте една лажица пире од компири и мед. Чувајте ја оваа маска во областа на темните кругови 10-15 минути, а потоа измијте ја. Оваа маска ги смирува и иритираните очи.

Природен тонер

Измешајте по една лажица сок од компири и краставици. Потопете памук во овој „коктел“ и нанесете го на лицето.

За сјајна, мазна коса

Варете ја кората од еден компир во вода 10 минути, процедете ја водата и со неа исплакнете ја косата. Оваа вода исто така помага да се спречи предвремено побелување на косата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име