Дома Интересно Знаете ли кој народ прв го измисли тост лебот? Вака го печеа…

Знаете ли кој народ прв го измисли тост лебот? Вака го печеа…

574
0

Луѓето имаа потреба од тост пред неколку илјади години.

Уште тогаш најдоа начин да се пече леб, иако многу попримитивен од денес.

За таа цел користеле парче остро дрво или железна прачка на која забивале парчиња леб, а потоа едноставно ги печеле на оган. Додуша, оваа постапка не завршувала секогаш успешно – се случувало лебот заедно со држачот, ако бил од дрво, да се запали или пак да изгори храната до тој степен што не може да се јаде.

Според некои историски податоци, препечениот леб бил омилена храна на старите Римјани, а тие биле и првите кои го користеле лебот на овој начин. Всушност, зборот „тостум“ е од латинско потекло и значи палење или горење.

Првиот електричен тостер е измислен во 1893 година од страна на “Crompton and Co”, во Велика Британија, а рафинирана верзија е создадена во 1909 година во САД. Со верзиите на времето, само едната страна од тостот можеше да се пече, а потребно беше рачно да се исклучи тостерот кога тостот изгледаше варен. Првиот модерен скокачки тостер со тајмер бил измислен од Чарлс Стрејт во 1919 година.

Ото Фредерик Рохведер ја измислил машината за сечење леб, на која почнал да работи во 1912 година. Тој претходно измислил уред кој спојувал парчиња леб со помош на игла, што, се разбира, било осудено на неуспех. Во 1928 година, тој изградил машина која го сечела и пакувала лебот, за да не се исуши исечениот леб. Исечениот леб стана популарен со воведувањето на „Wonder Bread“ во 1930 година, што доведе до пораст на популарноста на тостерите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име