Дома Твој готвач После толку вкусен појадок: Ќе бидете сити со часови

После толку вкусен појадок: Ќе бидете сити со часови

2003
0

Мерењата во рецептот се наменети за четири лица.

Доколку ви треба појадок за целото семејство, а ви здосадиле омлетите во сендвичи, направете одлична комбинација од спанаќ и јајца. Мерењата во рецептот се наменети за четири лица, а подготовката нема да ви одземе премногу време.

Состојки:

3 супени лажици маслиново масло
1 мал кромид
450 гр спанаќ
½ лажица сол
½ лажица бибер
4 јајца

Подготовка:

Во голема тава загрејте го маслиновото масло. Додадете ситно сечкан кромид, динстајте пет минути додека мешате.

Додадете го измиениот и исечен спанаќ, сол и бибер и почекајте да се свари.

Распоредете го спанаќот на четири места за да може да се вметнат јајцата. Печете 3-4 минути, како јајцата на окото.

Секое јајце зачинете го со сол и бибер и послужете веднаш.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име