Дома Правила

Правила

Правила и услови за користење.

Со самата посета на оваа веб страна, вие без никакви ограничувања, се согласувате со условите на користење, со тоа што на уредниците на tvoezdravje.mk им отстапувате целосни права да ги менуваат условите.

Информациите презентирани на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Ништо што е наведено или презентирано на веб-страната не е наменето да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш барајте го советот од вашиот лекар или друг давател на здравствени услуги, ако имате било какви прашања во врска со здравствена состојба, вашата исхрана, додатоци во исхраната, режимот за вежбање или било кое друго прашање во врска со вашето здравје и благосостојба.

Ве молиме навремено прочитајте ги овие правила и услови, за да се избегнат евентуални недоразбирања во понатамошното користење на веб-страната. Со читање на правилата и условите, ќе сметаме дека сте во целост запознаени со нив и ги прифаќате. Доколку не се согласувате со правилата и условите, Ве молиме да не ја посетувате веб-страната.

За сите дополнителни прашања и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте не на contact@tvoezdravje.mk

1.	Содржина
tvoezdravje.mk е веб-страна на кој може да најдат совети за здравјетo ,за нега и убавина, психолошки совети, совети за родители и деца, интересни содржини од секојдневниот живот, како светски дестинации, едукативни содржини за здравата храна и несекојдневни рецепти и преостанати содржини се на едно место. tvoezdravje.mk е веб-страна кој не презема содржини од други македонски сајтови, но користи и преведува содржини од странски сајтови во рамки на условите за Праведна употреба. 

За подготвивање на содржините најшесто користиме странска литература а наша цел ена постетителите да им обезбедиме лесен пристап на информациите преку широка палета на избрани содржини, новости и трендови од светот и секако од нашите простори.

Ние не можеме да гарантираме за ефектот кој ќе го постигнете при користење на рецептите. Тоа зависи од повеќе фактори како што е состојбата на намирниците кои би ги користеле за припрема на рецептите која не сме во можност да ја контролираме, а исто така вашите кулинарски вештини, искуство и умешност во подготовката. 

Доколку имате проблем со одреден тип на храна, при што се јавиваат алергии и слично ве замолуваме прво да се консултирате со доктор и да не ги следите нашите совети, бидејќи ние даваме само „совети„ а не и третман. Поради тоа tvoezdravje.mk не мооже да гарантира за последиците од користење на советите.

– tvoezdravje.mk се состои од сопствени содржини, содржини на партнерите и огласувачите, бесплатни содржини, содржини создадени од страна на посетителите и линкови кон надворешни страници. Сите содржини на tvoezdravje.mk се објавени со добри намери, а посетителите содржините на веб-страната ги користат на сопствена одговорност и tvoezdravje.mk не може да се смета за одговорен за било каква штета настаната со користењето.

– Сите објавени совети, рецепти, забавни и едукативни содржини не мора да значи дека се 100% точни.
– Со користење на овој сајт, вие можеби ќе пронајдете навредливa или непристоjна содржина или содржина која не е точна. Со самото користење на овоаа веб-страна вие ги сносите сите последици и се согласувате tvoezdravje.mk да не го држите одговорен под било какви услови.
– Пристапот до веб страната tvoezdravje.mk и до сите негови содржини е дозволен за сите лица на било која возраст, освен ако не е назначено поинаку. Ознаката „+18“ на одредени содржини означува дека користењето на таа содржина е дозволено исклучиво за личности постари од 18 години.

2. Рекламни содржини
На веб-страната се објавуваат и рекламни содржини tvoezdravje.mk ќе се обиде во најголема мера да не дозволи огласување забрането со закон, огласување кое го повредува човечкото достоинство, огласување кое може да предизвика душевна или друг вид на штета, неетичко огласување, како и огласување кое може да ги доведе во заблуда корисниците на веб-страната. Објавувањето на рекламните содржини се темели на договорни односи помеѓу издавачот и неговите партнери.

Објавување на наши текстови
Доколку сте сопственик на сајт кој служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на tvoezdravje.mk треба да ги почитувате следниве услови:

– Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола од главниот уредник. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 30% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на tvoezdravje.mk
– Материјалите и содржините објавени на веб-страната, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на издавачот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на веб-страната поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.

Не е дозволено:
Копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.
Ограничување на одговорност
tvoezdravje.mk се оградува од одговорност за:
- било каква штета која корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на веб-страната, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на веб-страната;
- било каква штета настаната од рекламните содржини објавени на веб-страната;

- било каква штета настаната со употреба на производите или услугите објавени во рекламните содржини;
- вистинитоста и точноста на податоците објавени во рекламните содржини, како и достапноста на рекламираните производи и услуги;
- било каква штета настаната со користење на веб-страниците достапни преку линкови објавени на веб-страната.
- вистинитоста и точноста на податоците објавени во содржините преземени од други веб-страници;
- било каква штета настаната од содржините преземени од други веб-страници.

3. Правила за користење на коментарите
Коментарите на содржините на веб-страната, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин.
tvoezdravje.mk ги охрабрува читателите да ги споделат своите мислења поврзани со објавените статии. Коментарите се објавуваат и модерираат според правилата наведни подолу.
tvoezdravje.mk го задржува правото за модерирање и/или бришење на коментари кои:
- содржат непристојни изрази,
- содржат закани или клевети,
- содржат говор на омраза насочени кон раса, боја, сексуална, ориентација, национална или етничка припадност, возраст, религија,
- промовираат услуги или производи (забелешка: некомерцијални линкови релевантни со содржината се прифатливи.),
Ве молиме да ги почитувате правилата и условите за користење на tvoezdravje.mk
Промена на правилата
tvoezdravje.mk го задржува правото повремено да ги менува или модифицира правилата за користење. За важните промени и дополнувања корисниците ќе бидат информирани преку објавување на веб-страната.