Дома Твој готвач Портокали во чоколадо – едноставна подготовка на нискокалоричен десерт…

Портокали во чоколадо – едноставна подготовка на нискокалоричен десерт…

478
0

Ако сте за нешто слатко, немате многу време и пазите што јадете, овој рецепт ќе ви го разубави денот!
Сигурно сте пробале јагоди во чоколадо и сте биле воодушевени од идејата. Истото можете да го направите и со портокалот, а многумина се согласуваат дека станува збор за подобра комбинација.
Не ви треба многу време, имагинација, талент или вештина за да го подготвите ова задоволство. И дури сме сигурни дека ги имате сите потребни намирници во вашата кујна!


Бидејќи станува збор за овошје и темно чоколадо, можеме да го сметаме овој третман како нискокалорично задоволство. Сепак, бидете умерени …
За почеток, земете 5 портокали, излупете ги и одделете ги парчињата.
Потребни состојки:
200 гр (приближно) црно чоколадо
1 лажица кокосово масло
5 портокали
малку груба сол за украс
Инструкции:

  1. Се топи чоколадото и се меша со кокосово масло.
  2. Секое парче портокал одделно потопете го во чоколадо и ставете го на плех обложен со хартија за печење.
    3 . Украсете по желба.
  3. Оставете во фрижидер околу 20 минути.
    Послужете и уживајте!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име