Дома Живот Добра идеја или не? Нови решенија за кафулиња и ресторани во борба...

Добра идеја или не? Нови решенија за кафулиња и ресторани во борба за опстанок…

827
0

За да преживеат рестораните и баровите сè додека ситуацијата не дозволи непречено дружење, улиците во светските метрополи се повеќе наликуваат на некаква сценографија на филмови од научна фантастика, но прашање е дали тоа ќе донесе повеќе штета отколку добро …

Додека коронавирусот продолжува да ги руши плановите за угостители ширум светот, властите во Њујорк им дозволија на сопствениците на рестораните и баровите да поставуваат куполи на тераси каде што гостите можат да уживаат.


Со цел да се преживее се додека ситуацијата не дозволи непречено дружење, улиците на метрополата сè повеќе наликуваат на некаков сет на филмови од научна фантастика. Од прозирни балони до шатори и дрвени куќи , сопствениците на ресторани и кафулиња се обидуваат на секој начин да ги задржат гостите, а со тоа и бизнисот без оглед на снег, дожд или ветер.


Реакциите на гостите се различни, но многу од нив се согласуваат дека малите простории на отборено се доволно удобни за да уживаат во дружењето далеку од становите каде што минале поголемиот дел од своето време во последните месеци.


Повеќето простории сместуваат до шест лица и, се дезинфицираат откако гостите ќе завршат со јадење и пиење. Експертите се сомневаат колку ефикасно може воопшто да се исчисти таков простор, и постои опасност од пожар кај пластичните куполи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име