Дома Твој готвач Не ви треба рерна: Само 10 минути и 5 состојки се потребни...

Не ви треба рерна: Само 10 минути и 5 состојки се потребни за да се подготви вкусна торта со чоколадо и бисквити

16298
0

Овој десерт, кој ќе го обожаваат сите љубители на чоколадото, се подготвува во едно тенџере и е готов за кратко време. Пожелно е да се чува неколку часа во фрижидер пред послужување, но доколку итно ви треба вкусен десерт, можете да го ставите во замрзнувач 20-30 минути и веднаш да го послужите.

Толку брзо и едноставно и толку убаво! Прво, самите го пробавме, а сега го споделуваме со вас . Уживајте!


Состојки:

230 гр бисквити petite beurre (може да користите и интегрални)

115 гр омекнат путер

115 гр шеќер

115 гр темно чоколадо

1 јајце

Дополнително:

230 гр темно чоколадо за глазура

Подготовка:

Намачкајте со путер и обложете го тркалезниот сад со дијаметар од 18-20 cm со мрсна хартија или проѕирна фолија , не мора да одговара за рерна. Измешајте го путерот со шеќерот додека шеќерот не стане ронлив. Додадете го јајцето и продолжете да мешате. Кога се убаво ќе се пени, додадете го топлото растопено чоколадо и продолжете со мешањето. На крајот измешајте ги искршените бисквити , не ги сецкајте многу, со големина на бадем . Добро измешајте да ги покриете сите парчиња бисквит со кремот. Внимателно префрлете го во садот, внимавајќи особено долниот дел, кој ќе биде горниот дел од колачот, да е добро притиснат и да нема празнини. Ставете во фрижидер неколку часа да се стегне. Превртете ја изладената торта на плехот ипокријте со чоколадна глазура .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име