Дома Здравје 5 факти за јајниците кои секоја жена треба да ги знае

5 факти за јајниците кои секоја жена треба да ги знае

1412
0

Овие органи играат важна улога и во нашиот секојдневен живот

Веројатно не размислувате премногу за јајниците (освен ако не се обидувате да останете бремени, во тој случај веројатно размислувате повеќе за јајниците отколку што треба).

Но, затоа треба да знаете некои основни работи за овој важен дел од репродуктивниот систем.

Овие органи со големина на орев исто така играат важна улога во нашиот секојдневен живот. Од биолошка перспектива, ние сме во овој свет за репродукција, што автоматски ги класифицира јајниците како еден од најважните органи.


Еве што треба да знаете за јајниците:

  1. Произведуваат „куп“ хормони

Јајниците лачат естроген и прогестерон, хормони кои се одговорни за развојот на женското тело за време на пубертетот (раст на градите, менструација, проширување на колковите). Естрогенот и прогестеронот исто така ја подготвуваат матката за зачнување, а ако нивното ниво во телото е пониско отколку што треба, жената најверојатно ќе има проблеми да забремени. Освен тоа, јајниците се „компетентни“ за тестостерон (иако во помала мера), на што треба да му се заблагодариме за сексуалниот нагон.

  1. Не се секогаш со иста големина

За разлика од повеќето други органи, јајниците не се секогаш со иста големина. Во текот на месецот нивната големина варира во зависност од фазата на циклусот во кој се наоѓате, а се менува со возраста, како што старее телото. Секој месец, во моментот на овулација, јајниците малку растат, бидејќи за време на овулацијата на нив се прави нешто што наликува на минијатурна циста, пред да се ослободи јајце клетката. Кога жената влегува во менопауза, се разбира, тоа повеќе не се случува, а јајниците потоа малку се „смалуваат“.

  1. Можат да бидат под стрес

Стресот дефинитивно влијае на овулацијата. Кога сме под притисок – тоа значи, се разбира, големи, сериозни животни ситуации – или кога има големи физички промени – како што се сериозно и нагло зголемување на телесната тежина или нагло губење на тежината – јајниците престануваат да ослободуваат јајце клетки. Тоа е природен механизам на „заштита“, кој спречува бременост да дојде во неповолен момент, односно кога жената е под голем стрес.

  1. Можеби тие се „виновни“ за вашите акни

Бидејќи јајниците играат толку важна улога во хормоналната рамнотежа на нашиот организам, штом нешто не е во ред со нив, можете да очекувате последици. Одредени состојби како што е синдромот на полицистични јајници може да бидат причина за појава на акни, на пример. Во такви услови се нарушува рамнотежата на естрогенот, прогестеронот и тестостеронот во организмот, што може да доведе до појава на акни, вишок килограми, прекумерно опаѓање на косата… Тоа може да се држи под контрола со лекови, но и здрава исхрана, редовно вежбање. .

  1. „Тие сакаат“ контрацептивни таблети

Апчиња за контрацепција – особено естроген и прогестерон – може значително да го намалат ризикот од рак на јајниците неколку месеци по започнувањето со орални контрацептиви. Истражувањата покажуваат дека земањето апчиња може да го намали ризикот од овој тип на рак до 50 проценти.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име