Дома Живот Здравите луѓе јадат три вида храна за појадок

Здравите луѓе јадат три вида храна за појадок

1251
0

Луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина, јадат оброци со ограничена количина на храна. Долгорочно е тешко да се одржи таква диета и затоа по одреден период повторно се дебелеат. Од друга страна, луѓето кои одржуваат здрава тежина без да се откажуваат се неисцрпен извор на информации за експертите.

Техничкиот истражувачки центар VTI во Финска четири месеци ги проучувал навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина.

Истражувачите, предводени од д-р Ана-Лина Вуринен, откриле дека здравите луѓе обично јадат три вида храна за појадок.

Овошјето било најпопуларен избор за 51 отсто од испитаниците, 41 отсто јаделе млечни производи, додека 33 отсто од луѓето избрале конзумирање житни снегулки.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат денот со овој вид на храна.

Најинтересно е што само 26 отсто од испитаниците признале дека пиеле кафе со појадок, додека останатите 74 отсто одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош на кофеин.

„Наместо да ја ограничите вашата исхрана и да ја избегнувате омилената храна, прекумерната тежина или дебелеењето може да се спречи ако поединецот научи да ги слуша потребите на своето тело, претпочитајќи квалитет отколку квантитет кога станува збор за оброците“, вели д-р Ана-Лина Вуринен. .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име