Цвеклото е храна што дефинитивно треба да биде вклучена во исхраната, а ние ви донесуваме четири рецепти за сок кои помагаат во намалување на крвниот притисок, подобрување на расположението, чистење на организмот…
Цвеклото е фантастична храна и е една од најздравите намирници. Има убава боја, и откако ќе го вклучите во вашата исхрана, повеќе нема да можете да без него. Зошто баш сок од цвекло? Еве неколку причини и неколку рецепти …
Сокот од цвекло го намалува високиот крвен притисок.
Се верува дека сокот од цвекло ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата и ги смирува нервите. Исто така, влијае на здравјето на црниот дроб, бубрезите и мочниот меур.
Сокот од цвекло помага во лекување на камења во бубрезите и стомакот. Ги чисти цревата и помага во борбата против ракот.
Кај жените, цвеклото ги ублажува грчевите во менструалниот циклус и третира анемија.
Покрај лекувањето на проблеми со кожата, сокот од цвекло помага и при проблеми со телесната тежина.
1. Енергетска бомба пред вежбање:
1 портокал или лимон.
1 лист од ќељ.
1 јаболко.
1 морков.
1 помала главичка цвекло.
малку рендан ѓумбир
2. Сок за намалување на крвниот притисок:
1 јаболко.
1 лимон.
2 стапчиња целер.
1 помала главичка цвекло
1 грст спанаќ.
3. Сок од морков и цвекло од цвекло за детоксикација:
1 мал морков.
1 мало парче излупено цвекло.
половина портокал.
1 лажица сок од лимон.
4. Сок од цвекло и морков за енергија.
1 јаболкопарче свеж ѓумбир.
1 исцеден лимон.
4 средни моркови.
половина цвекло
Подготовката на сите сокови е многу едноставна. Исечете го овошјето и зеленчукот на мали парчиња и добро иситнете го во блендер. Доколку е потребно, можете да додадете малку вода ако сокот е премногу густ.