Дома Твој готвач Брз ручек: Потпечен спанаќ со пилешко (рецепт)

Брз ручек: Потпечен спанаќ со пилешко (рецепт)

1619
0

Спанаќ и пилешко печени во рерна, одличен ручек за целото семејство.

Состојки:

  • 400 гр спанаќ
  • 1 кромид
  • 1 пилешко бело месо
  • 2 чешниња лук
  • вегета, сол, бибер и лист магдонос
  • половина шолја (2 дл) кускус
  • 1,5 дл зовриена вода

Прелив:

  • 2 јајца
  • 1 дл јогурт
  • 1 дл млеко
  • малку сол

И повеќе:

  • Пармезан за посипување

Подготовка:

Измијте го спанаќот и сварете кратко. Исцедете и изладете.

Врз кромидот пропржете бело месо исечкано на коцки.

Потоа додадете ги зачините и на крај кускусот кој претходно сте го натопиле во врела вода неколку минути.

Половина од листовите спанаќ наредете ги во подмачкан сад за печење. Над ставете го месото со кускус.

Наредете ги остатоците над кускусот.

Сè прелијте со мешавина од јајца, јогурт и млеко и посолете малку.

На крај посипете со пармезан.

Се пече во рерна на 200 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Извор: Coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име