Дома Здравје Совети како да се спречи синузитис

Совети како да се спречи синузитис

836
0

Луѓето кои имаат проблеми со синусите добро знаат за непријатната болка и притисок во челото, носот и образите, отежнато дишење, истекување и болна назална слузница…

Овие симптоми можат да траат до пролет доколку воспалението е хронично. Воспалението на синусите е вирусно и се пренесува со капки, настанува преку зголемено лачење во синусите, болка и температура, се рефлектира и на грлото, ушите и очите.

Бактериите се размножуваат и шуплините на синусите се полни со гној, а доколку болеста продолжи, преминува во хронична фаза која поблаго се манифестира, но симптомите се редовни. Симптомите се најизразени кога лицето лежи бидејќи носот е затнат.

За да спречите воспаление, добро би било да јадете храна која помага во чистење на синусите, како што се рен и кромид, како и оние богати со витамини Ц и А. Покрај тоа, се препорачува топол чај.

Треба да се пие полека, голтка по голтка, а шолјата постојано да се чува блиску до лицето за да се вдишува топлата пареа богата со лековитите состојки на растението.

Вдишување треба да се користи повремено. Доволно е да вдишете неколку минути врела пареа од водата во која сте додале морска сол, босилек или неколку капки есенцијално масло од еукалиптус, за да се исчистат синусите и да се спречат здравствени проблеми.

Клима уредите може да доведат и до воспаление на синусите, бидејќи сувиот воздух, како и студот и ветерот, може да го загрозат дишењето. Затоа, доколку имате проблеми со синусите, редовно проветрувајте ја просторијата, а на грејачот ставете садови со вода или влажна памучна крпа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име