Дома Здравје Храна која предизвикува непријатен мирис на телото

Храна која предизвикува непријатен мирис на телото

1127
0

Ако имате проблеми со непријатните мириси на телото иако се грижите за хигиената, можеби треба да ѕирнете во вашата чинија…

Познато е дека лукот е главната причина за лош здив. Содржи сулфур, кој се ослободува преку дишењето и преку порите на телото. Но, премногу зачинета храна може да доведе и до зголемен внес на сулфур и непријатни мириси.

Црвеното месо тешко се вари, па не е ни чудо што претерано се потите кога се прејадувате.

Газираните пијалоци, чоколадото, кафето, чајот и алкохолот можат дополнително да го подобрат вашиот природен мирис бидејќи најмалку 10 проценти од количината што ја внесувате не може да се вари од телото.

Зголеменото внесување на брза храна во комбинација со недоволната физичка активност доведува до таложење на масни наслаги во телото, што предизвикува и прекумерно потење и непријатни мириси.

Солта, шеќерот и маслото треба да се консумираат во ограничени количини, а брзата храна е богата со овие намирници.

Млечните производи се богати со протеини, а доколку ги консумирате во големи количини, тоа може да предизвика дигестивни проблеми, а како резултат на тоа и непријатни мириси.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име