Дома Родители и деца Која храна најчесто предизвикува алергии кај бебињата

Која храна најчесто предизвикува алергии кај бебињата

1266
0

Алергиите на храна се јавуваат кога телото реагира на протеините кои се наоѓаат во храната. Родителите треба да можат да ги препознаат симптомите, но и кои се намирниците кои најчесто ја предизвикуваат оваа состојба.

Кожните проблеми предизвикани од алергии се: црвени дамки кои личат на каснување од комарец, осип (или егзема, наречен и атопичен дерматитис), оток, отежнато дишење, кивање и стегање во грлото.

Стомачни и други проблеми се: повраќање, дијареа, бледа кожа, вртоглавица или губење на свеста.

Ако алергијата се манифестира во неколку области на телото, реакцијата може да биде исклучително опасна или дури и да доведе до смрт. Овој тип на алергиска реакција се нарекува анафилакса и бара итна медицинска помош.

Може да биде предизвикана од секаков вид на храна, но ова се намирниците кои се „најпроблематични“: кравјо млеко, јајца, кикирики, соја, пченица, јаткасти плодови кои растат на дрвја (ф’стаци и сл.), риба, туна, лосос, треска, итн.) и ракчиња.

Јаткастите плодови и морските плодови се најчестите причини за тешки реакции. Се разбира, тие можат да бидат предизвикани и од овошје, зеленчук, пилешко и сл.

Добрата вест е дека бебињата многу брзо „надраснуваат“ одредени алергии на храна. Се проценува дека 80 до 90 отсто од случаите на алергии на јајца, млеко, пченица и соја исчезнуваат додека детето наполни пет години. Педијатар или алерголог може да направи тестови за да утврди дали алергијата ќе исчезне.

Некои алергии се „поупорни“. На пример, едно од пет деца ќе ја „надрасне“ алергијата на кикирики, но ќе остане алергично на јаткасти плодови или морски плодови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име