Дома Психолошки совети Раното будење го ублажува стресот и ве прави попродуктивни

Раното будење го ублажува стресот и ве прави попродуктивни

689
0

Психолозите тврдат дека има многу вистина во старата изрека „Кој рано рани, две среќи граби“. Тие веруваат дека луѓето кои легнуваат порано и стануваат рано наутро имаат многу помали шанси да заболат од депресија.

Тие исто така тврдат дека менувањето на навиките за спиење не е толку тешко како што ни изгледа. Нашето тело најмногу би сакало осум часа здрав сон, а идеално време за будење би било во 7 часот наутро. Научниците докажуваат дека луѓето кои стануваат рано се неспоредливо поефикасни и попродуктивни од оние кои спијат доцна. Дополнително, луѓето кои стануваат рано и имаат енергија да бидат продуктивни цел ден, размислуваат попозитивно и се емотивно многу позадоволни од луѓето кои стануваат доцна.

Друга работа што ќе го направи почетокот на вашиот ден попродуктивен е да си дадете помал список со задачи за да не се преоптоварувате рано. Современиот начин на живот и пристапот до технологијата толку многу ни го окупираат слободното време, па затоа легнуваме подоцна, но со воведување на оваа здрава навика би се ослободиле од дополнителниот стрес, би ја подобриле продуктивноста и би биле попозитивни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име