Дома Здравје Забен камен: Направете ја оваа течност и намалете ја појавата

Забен камен: Направете ја оваа течност и намалете ја појавата

1203
0

Калкулусот е тврд талог на забите кој обично е жолтеникав и сив, а содржи големи количини на бактерии кои произведуваат многу киселини, што ја нарушува структурата на забите и може да доведе до кариес.

Со текот на времето, оваа состојба ќе доведе до воспаление на непцата, кои стануваат отечени, црвени и болни на допир. Како завршна фаза се јавува неизбежниот периодонтитис, предупредуваат експертите.

За да го спречите ова, најважно е редовно да ги миете забите, да користите забен конец и да го отстраните забниот камен кај стоматолог.

Сепак, постои уште еден начин да се намали појавата на забен камен, па дури и целосно да се отстрани, со подготовка на средство за плакнење на устата дома.

1 Рецепт

Состојки: неколку капки масло од нане и малку сок од лимон

Подготовка: Сите состојки ставете ги во чаша вода и промешајте, па со оваа смеса добро исплакнете ја устата.

2 Рецепт

Состојки: половина шолја свеж рузмарин, 1 шолја свежо нане, 2 шолји вода

Подготовка: Измешајте ги состојките, па варете ги неколку минути и откако ќе отстои, процедете ја течноста и оставете да се излади. После тоа, исплакнете ја устата со вода.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име