Дома Твој готвач Домашен чипс од јаболка е здрава ужина и лесно се прави

Домашен чипс од јаболка е здрава ужина и лесно се прави

1191
0

Заменете ги солените и слатките нездрави грицки со домашен чипс од јаболка, кој е здрав и лесен за правење, евтин и многу вкусен.

За овие здрави закуски, одберете повеќе кисели јаболка. Чипсот од јаболка со цимет не е само здрава ужина, туку е и многу евтин. Ќе ви заштеди многу пари што ги давате за сите оние вреќи кои шушкаат, чија содржина не е многу здрава. Домашниот чипс од јаболка може да се послужи како ужина помеѓу оброците или како ужина на работа, надвор…

Подготовка за еден плех
За чипс, изберете повеќе кисели јаболка. За еден плех ви требаат две или три јаболка, во зависност од големината. Добро измијте ги и исечете ги на што потенки прстени. Ако имате машина за сечење, користете ја и олеснете си ја работата. Средината може да ја исчистите со семките или пак да ја оставите. Пред сечкањето, истурете ладна вода во сад и додадете една лажичка сок од лимон или половина кафена лажичка сол. Потопете го секое парче јаболко во вода за да спречите поцрнување на јаболката. Кога ќе исечете прстени доволно за еден плех, извадете ги јаболката од водата и ставете ги на чиста кујнска крпа да се исушат. Обложете го садот за печење со хартија за печење. Наредете ги јаболката, зачинете ги со цимет (или друг зачин) и посипете ги со малку шеќер (по желба ако јаболката сакете да се слатки).

Следете ги чиповите додека се печат
Ако имате поголема рерна за две или повеќе тави, искористете го ова. Загрејте ја рерната на 100 ° C и печете ги јаболката околу еден час. Потоа извадете ги и свртете ги – со шпатула или едно по едно. Вратете ги во рерна уште еден час, но постојано следете ги да не изгорат . Можете да ги покриете со хартија или фолија. Кога ќе помине тој втор час, исклучете ја рерната и оставете ги јаболката во неа да се изладат. Најдобро е да ги послужите кога целосно ќе се изладат, бидејќи тогаш се најкрцкави.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име