Дома Твој готвач ПИЛЕШКИ СУВЛАКИ СО СОС ОД ЦАЦИКИ

ПИЛЕШКИ СУВЛАКИ СО СОС ОД ЦАЦИКИ

1433
0

Сувлаки е традиционално грчко јадење што најверојатно сите сме го пробале, но сега можеме да го подготвиме и дома…

Тоа се делчиња на свинско, јагнешко или пилешко месо, кои се нанижани на тенки дрвени стапчиња и испечени на скара. Делчињата на месо можат да бидат комбинирани со зеленчук кое се нанижува помеѓу месото.

Јадењето, спремено на овој начин, карактеристично е за многу земји на Балканот, како и на Кавказот, само се користат различни имиња. На српски јазик оваа врста на јадење се вика ражњиќи, на турскиот тоа е шиш-кебаб, на рускиот шашљики. На грчки јазик, називот на овој вид хране потекнува од латинскиот збор „subula“, што значи скара на жар.

Состојки (4 лица):
За сувлаки:

  • 4 големи пилешки гради (околу 1 кг)
  • 4 – 5 лажици маслиново масло
  • сок од 1 лимон
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици суво оригано
  • сол и свежо мелен бибер
  • дрвени раженчиња

За цацики:

  • 1 свежа краставица
  • 2 чешниња лук
  • ¼ шолји екстра девствено маслиново масло
  • 500 гр грчки јогурт или павлака
  • 1 лажица црвен вински оцет
  • сол

Подготовка:

  1. Пилешкото измијте го, избришете го и исечете го на поголеми (околу 3 см), што е можно пообични коцки. Потоа ставете го пилешкото во голем стаклен сад и додајте ги сите состојки за маринадата: маслиново масло, сок од лимон, многу ситно сечкан лук, суво оригано и сол и бибер. Сè убаво измешајте со раце, покријте го со најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку еден час да се маринира.
  2. Во меѓувреме подгответе го сосот цацики. Лукот ситно исечкајте го, па измешајте го со маслиново масло. Излупете ја краставицата и исцедете го сокот. Изрендајте ја на покрупната страна од рендето, додадете малку сол и бибер, па оставете го настрана околу 10 минути, да тече водата.
  3. Во сад измешајте ја исцедената краставица, лукот со маслиново масло, грчкиот јогурт, винскиот оцет и малку сол и свежо мелен бибер. Мешајте (или блендирајте) додека сè не се соедини. Покријте го садот и ставете го во фрижидер да се излади сосот.
  4. Направете сувлаки, односно раженчиња. Доста густо прободете ги маринираните коцки од пилешко на дрвени стапчиња. Загрејте многу силно тавче за грил, посипете со малку масло, па печете ги раженчињата околу 8-10 минути од двете страни, вртете по потреба додека не добијат убава боја и не се испечат.
  5. Послужете сувлаки со топла пита леб и разладен сос од цацики.

Совет повеќе:
Пилешкиот сувлаки во Грција обично се служи со малку исечен виолетов кромид и домат, секогаш со пита леб. Заедно со нив, Грците често служат помфрит, како и неизбежниот сос од цацики.
Помеѓу секој круг на печење ражен, избришете ја тавата малку со хартиена крпа за да ги отстраните изгорените парчиња маринада.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име