Дома Твој готвач Десерт со пудинг, јаболка и ванила (рецепт)

Десерт со пудинг, јаболка и ванила (рецепт)

1884
0

Едноставен, сочен и вкусен десерт кој не сте пробале!
Ќе го израдувате целото семејство со ова задоволство…

Состојки за бисквитот:

5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 прашок за пециво

Состојки за филот:

1,5 кг излупени јаболка
1 литар вода
3 пудинзи од ванила

150 гр шеќер

Подготовка:

Одделете го белките и изматете ги, а во друг сад измешајте ги жолчките и шеќерот.
Соединете го снегот и смесата со жолчки и шеќер.
Мешајте постојано со жица за матење и додадете лажица по лажица брашно.
Додадете прашок за пециво и нежно измешајте.
Истурете го бисквитот во средно тавче за печење и печете на 180 степени целзиусови додека не порумени.

За филот исчистените јаболка исчистете ги на коцки, ставете ги во поголемо тенџере, додадете шеќер и додадете 800 мл. вода.
Ставете на оган, промешајте и варете додека јаболката не омекнат.
Извадете ги јаболката и наредете ги на бисквитот (може и да е топол, не е важно).
Во 200 мл. вода измешајте пудинг од ванила и додадете го во водата во која се вареја јаболката.
Мешајте на тивок оган додека не се згусне.
Јаболката прелијте ја со врелиот крем и израмнете.
Ставете го во фрижидер неколку часа и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име