Дома Здравје Храна која ќе ги ублажи менструалните болки

Храна која ќе ги ублажи менструалните болки

915
0

Симптомите кои се јавуваат за време на менструацијата вклучуваат: надуеност, задржување на течности, слаба концентрација, лошо расположение.

Нормален менструален циклус трае помеѓу 21-35 дена, а просекот е 28. Крварењето не треба да трае подолго од седум дена. Симптомите кои се јавуваат за време на менструацијата вклучуваат: надуеност, задржување на течности, слаба концентрација, лошо расположение.

Експертите тврдат дека некои намирници можат да ги ублажат менструалните болки.

Храна која содржи калциум
Се верува дека ја намалува појавата на грчеви, спречува надуеност и задржување течности, а се наоѓа во храната како што се млекото, јогуртот и сирењето. Можете да го барате и во рибата и млекото од соја збогатено со калциум.

Влакна
Влакната ќе ја подобрат подвижноста на цревата и на тој начин може да се избегне надуеност. Целта е во секој оброк да вклучите овошје и зеленчук и интегрални житарки, а не треба да заборавите и на внесот на течности.

Магнезиум
Се смета дека магнезиумот ги намалува симптомите како што се главоболки и грчеви во мускулите, а може да се најде во храната како темно чоколадо, авокадо, зелен лиснат зеленчук и бадеми.

Витамин Е
За ублажување на менструалните симптоми, студиите покажаа дека е добро да се вклучат 500 IU витамин Е, а можете да го најдете во храната како сушени семки од сончоглед, бадеми и путер од кикирики.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име