Дома Здравје Сите придобивки од чајот од магдонос

Сите придобивки од чајот од магдонос

1178
0

Чајот од магдонос ги смирува нервите, ја ублажува болката, ја ублажува надуеноста, ја чисти крвта, а ова се само дел од ефектите поради кои народната медицина масовно го користи.

Магдоносе медитеранско зачинско растение, кое поради светло зелените листови често игра главна улога во декорацијата на храната, но не е само украс, туку лек од природата.

Магдоносот се препорачува и како идеален напиток во борбата против треска, бубрежни заболувања, болести на уринарниот тракт, дијабетес, воспаление на очите, убоди, каснувања, па дури и импотенција.


Способноста на ова растение да го стимулира излачувањето на течности од телото е неверојатна, па затоа е многу корисно за здравјето на бубрезите и целиот уринарен тракт.Коренот од магдонос делува како диуретик, па затоа се користи за лекување на разни облици на прекумерна акумулација на течност во телото.

Освен што го поттикнува излачувањето на течности, го стимулира и излачувањето на сол во организмот и влијае на намалувањето на крвниот притисок.Од слични причини може да помогне во борбата против дебелината. Потоа, ја зголемува еластичноста на крвните садови, со што се намалува ризикот од развој на чести кардиоваскуларни заболувања.

Рецепт за чај од магдонос

Една кафена лажичка семки, листови или корен од магдонос прелијте ја со 200 мл врела вода, оставете 10-15 минути и процедете.

Пијте топол чај помеѓу оброците 2-4 пати на ден.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име