Дома Позитив на денот Денес е Богојавление – Водици…

Денес е Богојавление – Водици…

858
0

Во библиска Палестина, на денот 19 јануари, на денот Богојавление (кога Бог се јави), Божјиот Син влегол во Јордановите води. Свети Јован Крстител го крштевал. Во спомен на крштевањето на Господ Исус Христос и објавувањето на Светата Троица, се прославува големиот Господов празник Богојавление.

Православните христијани денес го празнуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Поради тоа што со влегувањето во реката Јордан, Исус ја осветил водата, празникот е познат и со името Водици.

Овој ден и ние го славиме Отецот, Кој одозгора говореше и Чиј глас се слушаше, Синот, Кој долу на земјата се крсти во Јордановите води, и Духот, Кој како гулаб слезе. Го славиме Едниот во Троица Бог, на кого навек му се поклонуваме.

Минатата година за првпат, поради пандемијата со Ковид-19, беше прекината вековната традиција на положување на крстот во светите води.

Оваа година си продолжува вековната традицијата и повторно ќе има положување на светиот крст во светите води. Исто така, овој голем христијански празник, според најавите, ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари, Собир на Свети Јован Крстител, уште се вика и Женски Водици.

За многу години празникот Христијани!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име