Дома Живот Постојат четири клучни моменти во животот кои предизвикуваат зголемување на телесната тежина

Постојат четири клучни моменти во животот кои предизвикуваат зголемување на телесната тежина

940
0

Болести, хормони, стареење, стрес – сите овие работи можат да влијаат на тежината. Исто така, важно е да се запамети дека тежината не мора нужно да биде условена од здравствена состојба.

Сепак, академици од Универзитетот во Кембриџ анализирале десетици студии и откриле дека постојат четири конкретни животни настани кои ќе ве натераат целосно несвесно да добиете вишок килограми. Според нив, најкритични се завршувањето на средното училиште, одењето на факултет, наоѓањето работа и моментот кога ќе станете родител.

„Луѓето на возраст меѓу 15 и 35 години се дебелеат и сакавме да знаеме дали има одредени животни настани кои придонесуваат за тоа“, објасни д-р Елинор Винпенни од Универзитетот во Кембриџ.

Првите шест студии го споредиле зголемувањето на телесната тежина на мајките и жените кои немале деца. Жените кои немале деца во период од пет до шест години се здебелиле околу 7,5 килограми, додека мајките дури 1,3 килограми повеќе од нив.

„Родителството е време кога се менува животниот стил. Секако, има предизвици кои доаѓаат со раѓањето на детето, но тоа е и можност луѓето да размислат за сопствениот начин на живот и да сфатат како можат да бидат поздрави и поактивни“, вели таа.

Други 19 студии го проучувале преминот од средно училиште кон универзитет и наоѓање работа.

Девет студии покажаа дека девојчињата по завршувањето на средното училиште вежбаат 6,7 минути пократко, додека момчињата го скратуваат времетраењето на секојдневното вежбање за дури 16,4 минути.

Но, пореткото вежбање е најизразено во моментот кога луѓето одат на факултет. Потоа се скратува за уште 11,4 минути на ден. Три студии, исто така, покажаа дека луѓето се здебелиле по завршувањето на училиштето, додека друго открило намалување на физичката активност по вработувањето, според Метро .

„На училиште ве поттикнуваат да спортувате и здравата исхрана, но кога ќе го напуштите училиштето, тоа се менува. Се преселувате во нова средина“, објаснила Елеонор зошто има зголемување на телесната тежина во овој период од животот.

„Ако сите овие животни транзиции придонесуваат за мало зголемување на телесната тежина, тоа станува проблем“, заклучува Винпени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име