Дома Психолошки совети Карактеристики кои ги красат темпераментните жени

Карактеристики кои ги красат темпераментните жени

884
0

Доколку нервозните жени од вашата непосредна близина ви ги нарушуваат нервите, имајте на ум дека тие самите не избрале таков лик.

Тие се родени со него. Бунтовен, див, лут, груб, дрзок, арогантен и главно гласен. Не е лесно да се живее со нив, и не им е лесно да живеат сами со себе. Општеството често ги осудува и суди, а многумина не сакаат да се дружат со нив затоа што не се вклопуваат во „нормите“.

Ако сте еден од нив, сега имате причина да им кажете „благодарам“ на другите кога ќе ве навредуваат.

Експертите дошле до заклучок дека таквите жени обично се поинтелигентни од попристојните жени. Факт е дека жените обично подобро перцепираат кога се лутат отколку кога се смирени и донесуваат подобри одлуки, подобро паметат и евоцираат подобри податоци од меморијата, тврдат научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс и Стенфорд.

Темпераментните жени се карактеризираат со лошо расположение, кое е секогаш присутно некаде, дури и кога тие не изгледаат така. Но, поради тоа тие се попаметни, истакнуваат експертите, бидејќи постојано се на штрек и многу повеќе внимаваат на деталите во околината.

Ова е особено точно кога треба да одлучат нешто важно во професионалниот или општествениот живот. Тогаш ладните глави можат да го анализираат проблемот без да се мешаат со чувствата.

Спротивно на тоа, среќните луѓе се многу поимпулсивни од лутите. Кога ќе се најдат во ситуација која бара големи одлуки, тие се многу креативни, но и недоволно реални и затоа се повеќе склони кон непромислени заклучоци, како што пишува BrightSide.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име