Дома Нега и убавина Пет евтини трикови за убавина

Пет евтини трикови за убавина

1284
0

Секоја жена сака да изгледа убаво и уредно, да има уредна коса, нокти и усни. Меѓутоа, во денешно време и брз живот често недостасува време за дотерување, многу често пари, а понекогаш и волја.

Сепак, со овие едноставни трикови многу брзо ќе изгледате свежо.

Пополни усни

Маслото од цимет и нане ќе ви помогнат вашите усни да изгледаат пополни. Доколку не сте алергични на некоја од состојките, додадете неколку капки од оваа смеса во вашиот сјај или балсам за усни.

Избегнувајте сјајна кожа

Ако вашата кожа има тенденција да стане мрсна и сјајна брзо, се препорачува да измешате малку прашок за пециво во лосионот за чистење. Масирајте ја кожата неколку секунди, а потоа исплакнете со топла вода.

Поправање на веѓите

Веѓите едноставно мора да имаат совршена форма. Нанесете спреј за коса на стар апликатор за маскара за да ги обликувате веѓите и во исто време да ги поправите.

Мека коса

Пред да си легнете, ставете малку класична крема за лице на врвовите на косата. На овој начин ќе имате сјајна и мека коса наутро.

Како да се ослободите од акните?

Секако, акните секогаш се појавуваат кога најмалку ни се потребни. Натопете памукче со капки за суви очи, оставете го во замрзнувач неколку минути и притиснете на акните. По 20 минути крвните садови ќе се стегнат и црвенилото ќе исчезне

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име