Дома Родители и деца Како да знаете дека вашето дете се бори со анксиозност?

Како да знаете дека вашето дете се бори со анксиозност?

1186
0

Студијата објавена од Институтот Child Mind покажа дека 10 отсто од 30.000 испитани деца на возраст под 18 години доживеале некаков вид на анксиозно растројство. Осумдесет отсто од нив не примиле никаква помош и терапија.

Главната причина зошто децата не се лекуваат од анксиозност е тоа што таа не се препознава, односно тешко се открива бидејќи децата ретко покажуваат чувства, најчесто затоа што не знаат да ги артикулираат и разберат емоциите.

Но, постои еден од главните знаци што може да укажуваат на тоа дека детето е вознемирено – абдоминална болка. Детето ќе се жали на болки во стомакот и навистина ќе го боли стомакот, но причината за болката може да биде од психолошка природа. Родителот треба во такви случаи разговара со детето и да се обидете да дознае од што се плаши.

Други знаци на анксиозност кај децата се недостаток на апетит бидејќи анксиозноста го успорува метаболизмот и варењето, постојан замор, проблеми со спиењето, главоболки, болки во градите и проблеми со дишењето.

Децата кои страдаат од анксиозност може да одбијат да одат на училиште или да се дружат со пријателите, можеби нема да можат да се концентрираат и одморат или може да бидат многу раздразливи и да ги сфаќаат работите премногу сериозно. Вознемирените деца не сакаат да бидат сами.

Причините за анксиозност кај децата се многубројни. Најмалите, на возраст од шест месеци до три, имаат изразен страв од разделба, децата од предучилишна возраст може да развијат страв од разни животни, инсекти, училиште или темнина, оние малку постарите ќе се плашат од училишните испити и ако имаат проблем со комуникацијата со врсници, тие ќе го избегнуваат општеството.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име