Дома Живот Дали знаете која е најдобрата температура за спиење?

Дали знаете која е најдобрата температура за спиење?

1457
0

Доколку имате проблеми со спиењето, покрај исхраната и вежбањето, треба да внимавате и на температурата во просторијата во која спиете. Тешко е да заспиеме ако ни е премногу топло, но температурата никогаш нема да се смета за важен фактор за квалитетот на сонот, а тоа е погрешно.

Погрешно е и ако мислиме дека треба да се гушкаме за да спиеме, да ни биде удобно и топло. Како што се приближува времето за спиење, нашите тела почнуваат да се ладат, температурата паѓа за околу два степени за да нè доведе во сон.

Спиењето во постудена соба ќе помогне да се одржи пониска телесна температура, што ќе резултира со подобар квалитет, подлабок и подолг сон.

Според американските експерти за спиење, а како што пренесува Yahoo Lifestyle, најдобрата температура за квалитетен сон е помеѓу 15 и 20 степени Целзиусови.

Најнесоодветната температура не е дефинирана, но се смета за која било кога се чувствувате топло, бидејќи во такви услови е многу тешко да заспиете и спиете без да се разбудите до утро.

Денеска ги загреваме спалните соби, што некогаш не беше обичај. Луѓето порано спиеја во ладни соби и би било добро да се погледне на нив . Доколку спиете во иста просторија каде што престојувате во текот на денот, проветрете ја и изладете ја пред спиење и секако исклучете го греењето.

Освен собна температура, за подобар сон треба да внимаваме и што јадеме – се советуваат полесни оброци или прескокнување на вечера и без стимуланси како кофеин – кафе не треба да се пие попладне и навечер, а да се избегнува шеќер и алкохол.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име