Дома Здравје Откријте како дишете и што значи тоа за вашето здравје

Откријте како дишете и што значи тоа за вашето здравје

847
0

Постојат начини на кои можеме да откриеме некои основни работи за сопственото дишење, како што пишува MindBodyGreen .

Дишете!

Седнете или легнете и заземете удобна положба. Потпрете се назад на перниците и фокусирајте се на дишењето. Притоа, важно е да не го менувате начинот на кој вообичаено дишете. Ставете ја раката на долниот дел на стомакот под папокот и ставете ја другата рака на градите.

Вдишете неколку пати. Дали издишувате преку носот или устата? Набљудувајте го вашето тело и дали вашиот стомак или градите се движат. И сега откријте го вашиот сопствен начин на дишење и што значи тоа.

Дишете преку стомакот

Ако вашиот стомак се движи додека дишете повеќе од горниот дел од градите, тоа значи дека дишете користејќи ја вашата дијафрагма. Тоа е здрав начин за дишење. Доколку воздухот навлезе и во горниот дел од градите, ќе ви овозможи да се чувствувате полни со енергија и да живеете подлабоко со вашите емоции.

Дишете низ горниот дел од градите

Ако градите ви отекуваат повеќе од стомакот кога вдишувате, тогаш дишете низ тој дел од телото. Иако можеби се чувствувате енергично и полни со инспирација, тешко е да се фокусирате. Обидете се да дишете користејќи ја вашата дијафрагма. Така ќе се чувствувате помалку вознемирени и ќе бидете подобро фокусирани.

Обратно дишење

Постојат голем број на вежби кои ќе ви помогнат да научите како да дишете користејќи ја вашата дијафрагма. Ова ќе ги зајакне карличните мускули и стомачните мускули, па ќе се чувствувате помалку вознемирени.

Користете сè

Кога дишете, стомакот и градите ви отекуваат подеднакво? Ова значи дека дишете правилно и не го задржувате здивот помеѓу вдишувањата. Воздухот минува низ целото торзо, а вдишувањето е експанзивно и без напор, додека вие издишувате лесно со чувство на релаксација.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име