Дома Твој готвач Греан џин – ќе ве освои!

Греан џин – ќе ве освои!

1147
0

Сите знаеме да подготвуваме греено вино, ајде да научете да подготвуваме топол џин.
Омилен пијалок кога ќе дојдат празниците, студените зимски денови и кога ќе заврне снег е вареното вино. Ништо не може да нè загрее подобро од тој пијалок кога ќе се вратиме дома, а надвор е многу ладно надвор. Да не зборуваме за феноменалниот мирис.
Но, сега има уште еден пијалок што ќе ве воодушеви како вареното вино, а тоа е џинот. Топол џин измешан со сок од јаболко, цимет и ѓумбир ќе ве освои од првата голтка.

Состојки:
200 мл џин,
800 мл сок од јаболко,
50 гр кафеав шеќер,
цеден сок од 1 портокал,
1 стапче цимет,
2 лажички рендан ѓумбир,

Подготовка:
Во сад загрејте го сокот од јаболко и пред да зоврие додадете ги сите состојки освен џинот. Исклучете го шпоретот, покријте го садот и оставете го 15 минути. Потоа процедете ја течноста и додадете го џинот. Сервирајте го пијалокот во чаши. Ако сакате во чашите додадете цветови анасон, кришки јаболко, кругови портокал или лимон.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име