Во време кога животот се сведува на напорна работа и бурни приватни животи, веројатно сте благодарни за секој слободен момент. Верувале или не, вашиот мозок го чувствува истото!
Симптомите како што се замор, главоболки и недостаток на концентрација може да откријат дека на вашиот мозок му треба одмор.
Искористете го викендот, одвојте малку време за себе и ОДМОРИ ГО МОЗОКОТ!
ПРОШЕТАЈТЕ ВО ПРИРОДА
Едно ново истражување покажува интересни резултати за тоа како прошетката во природа позитивно влијае на физичката и психичката состојба. Не е важно дали надвор е сонце или дожд, овој тип на одмор ќе одговара на вашиот мозок.
ЗАТВОРЕТЕ ГИ ОЧИТЕ
Визуелната стимулација врши постојан „притисок“ врз мозокот, згора на тоа, делот од мозокот кој обработува слики е неговиот најголем дел – визуелниот кортекс. Информациите кои се пренесуваат со видот мозокот ги обработува со голема брзина, што значи големо оптоварување.
Кој е начинот за борба против овој тип на притисок? Едноставно затворете ги очите, вдишете длабоко и одморете се од светот околу вас. Ќе го освежи мозокот за само неколку секунди.
УЖИВАЈТЕ ВО МЕЧТАЕЊЕТО
Веруваме дека нема да се изненадите ако кажеме дека мечтаењето е всушност многу продуктивно… Ако сонувате преку ден, можеби ќе можете да најдете решение за секојдневните проблеми , а многу „еурека“ моменти се случуваат токму кога човек се одмара.
НАПРАВЕТЕ ПАУЗА
Неверојатно едноставно, но вистинито! Клетките во мозокот (невроните) функционираат како тим, така што им треба иста количина на гориво за да функционираат правилно. Ако работите напорно некое време, ќе се потрошат повеќе неврони и ќе се појави нерамнотежа и на мозокот ќе му треба повеќе „гориво“. Направете пауза од работа и дозволете му на вашиот мозок да се опорави …
СПИЈ
За да може целото тело да функционира правилно, вклучувајќи го и мозокот, му треба сон. Мозокот кој не мирувал минимум 6 часа не може да функционира правилно, па ќе забележите дека вашите мисли „бегаат“ и станува невозможно да се размислува рационално.
Кога човек спие, мозокот продолжува да работи, но исто така ги брише мислите и процесите кои ве придружувале во текот на денот.