Едноставен рецепт од само четири состојки на прво место ќе ги воодушеви гурманите. Потопувањето во темно чоколадо само ќе ги зголеми неодоливите вкусови, а на крајот посипете ги со крцкави ореви по ваш избор. И тоа е тоа, восхитувачки десерт кој може да го направите за помалку од поповина час.
Состојки:
100 гр смокви
100 гр темно чоколадо
60 гр сечкани бадеми, лешници или ореви
40гр мелени ореви
Подготовка:
Смоквите измијте ги и добро исушете ги.
Користете нож за да направите мала дупка речиси на дното на секоја смоква.
Наполнете ги со микс од бадели, лешници и ореви и измазнете, така што смоквата и понатаму ја задржува формата.
Кога ќе ги наполните сите смокви,растопете ја чоколадата полнетите смокви потопете ги во чоколадо, а потоа во мелените ореви
Се ставаат на хартија за печење и се чуваат во фрижидер за да се исцеди чоколадото.
Послужете ладно.
Добар апетит!