Дома Здравје ОВА ОВОШЈЕ ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ! Го штити организмот од инфекции и ја...

ОВА ОВОШЈЕ ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ! Го штити организмот од инфекции и ја зајакнува крвната слика!

801
0

Дали знаевте дека дуњата влијае на подобар квалитет на сон, ниво на физичка активност, концентрација и помага во спречување на замор на природен начин?

Дуњата припаѓа на исто семејство на растенија како јаболката и крушите. Ретко се консумираат свежи, но од дуњата може да се направи вкусен сок, компот, џем, ликер или слатко.

Еве кои се причините зошто треба да консумирате миризливи дуњи секогаш кога имате прилика:

  1. Помага при слабеење

Дуњата содржи малку калории, сол и масти, но многу влакна и витамин Ц. Затоа е одличен избор за секој кој сака да ја регулира својата телесна тежина.

  1. Добри се за варење

Дуњите можат да помогнат во лекувањето на чир на желудникот, дијареа и варење. Компотот од дуња многу поволно делува на желудникот и го регулира варењето.

  1. Влијаат на здравјето на срцето

Дуњата содржи пектин кој го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. Затоа ова овошје е одлично за спречување на затнати артерии. Калиумот во дуњата го намалува крвниот притисок, а витаминот Ц кој го има во дуњата исто така благотворно делува на здравјето на срцето.

  1. Поволно делува на крвта

Високата содржина на железо во дуњата спречува анемија и благотворно делува на крвната слика.

  1. Одлично за зајакнување на имунитетот

Витаминот Ц во дуњата му обезбедува на организмот одлична заштита од инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем, а тоа е особено важно за време на сезоната на настинки и грип, но и сега кога има корона пандемија.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име