Фантастично роловано пилешко со фил од спанаќ и сирење.
Состојки:
- 2 пилешки стека
Маринада:
- 1 лажица сенф
- сол, бибер, зачини по желба
Мешавина за печење:
- 2 јајца
- 2 лажици брашно
- 3 лажици лебни трошки
- 1 лажица пармезан
- малку мелен црвен пипер
Полнење:
- Спанаќ
- фета сирење
Подготовка:
Прво исцедете го пилешкото чисто месо. Ставете го месото во проѕирна фолија и лесно истолчете го со чекан за месо.
Месото премачкајте го со сенф и зачини, па ставете го во фрижидер еден час.
Подготвеното месо ставете го на фолија и наполнете го. На едната страна од пилешкиот стек ставете спанаќ и врз него наредете фета сирење.
Полнетиот стек лесно, цврсто и внимателно виткајте го и ставете чепкалки, завиткајте ги во фолија и оставете го во фрижидер.
Непосредно пред ручекот извадете го пилешко од фрижидер. Изматете ги јајцата и посолете ги.
Валаното пилешко лесно ставете го во брашното, па во јајцата, па во лебните трошки измешани со пармезанот.
Се става во загреано масло и пополека се пржи додека не порумени. Пржете го пилешкото од сите страни. Извадете го прженото пилешко во салфетка за да се впие вишокот маснотии и да се излади.
Изладеното пилешко исечете го на еднакви делови и послужете го со салата по ваш избор.
Добар апетит!
извор:coolinarika