Зимница која ги воодушеви сите што ја имаат пробано!
Рецептот е за една средно голема тегла.
Потребни состојки:
Чаша бел вински оцет
Лажичка сол
Половина лажичка шеќер
Мајчина душица
Неколку зрна црн бибер
Излупени цешниња лук
Подготовка:
Во помал сад загрејте ги оцетот, шеќерот и солта, па оставете да зоврие, додајте ги зачините и прелијте ги чешнињата лук со течноста, кои густо сте ги наредиле во претходно стерилизирана тегла, додека се уште е теглата топла.
Теглата добро затворете ја и чувајте ја на собна температура до два месеци.
Овој вид закиселен лук најдобро одговара како додаток на салата со ладни предјадења, но можете слободно да го комбинирате со јадења по ваш вкус.