Ловоровиот лист е моќно растение и штета е да се користи само како додаток во јадењата. Експертите велат дека тоа е растение кое го забавува стареењето, го подобрува расположението, го чисти организмот, решава респираторни проблеми …
Само запалете неколку ловорови листови и уживајте во неговиот опоен мирис кој ќе ги опушти сите ваши сетила. Комбинацијата на хемикалии во ловоровиот лист има смирувачки ефект врз телото и психата.
Исфрла слуз од белите дробови
Ловоровиот лист е стимуланс на респираторниот тракт и може да помогне во исфрлањето на слузта од белите дробови. Најдобар начин е да ставите свежи или суви листови во топла вода и да ја вдишите пареата . Помага и за подмачкување на градите со ловорово масло. Лечи алергии и астма.
Помага при дијабетес
Истражувањата покажаа дека консумирањето 3 грама ловор дневно го намалува нивото на гликоза кај луѓето со дијабетес тип 2.
Добро е за варење
Ставете го што повеќе во храната или масирајте го стомакот со ловорово масло после оброк, тоа ќе помогне во излачувањето на дигестивните сокови и побрза преработка на храната во желудникот.
За правилно функционирање на срцето
Органското соединение кое се наоѓа во ловорот ги зајакнува капиларните ѕидови во срцето и помага да се елиминира лошиот холестерол од телото.
Лечи воспаление на зглобовите
Измасирајте го болното место со ловорово масло и зголемете ја количината на ловорови листови кои ги додавате во храната.
При инфекции на уринарниот тракт
Измешајте ловоров прав со млеко и пијте. Ова е стар рецепт за решавање на овие проблеми, пишува RemedyDaily.