Дома Здравје Велика Британија прва во светот го одобри лекот против Ковид-19 на „Мерк‘‘

Велика Британија прва во светот го одобри лекот против Ковид-19 на „Мерк‘‘

1525
0


Обединетото Кралство во четвртокот објави дека го одобрува молнупивир, лек против ковид-19 развиен од американската компанија Мерк и кој треба да биде клучна алатка во борбата против пандемијата.

„Денес е историски ден за нашата земја, бидејќи Велика Британија е првата земја во светот која одобри антивирусен лек против Ковид-19, кој може да се зема дома“, рече министерот за здравство Саџид Џавид во изјавата. „Тоа ги менува животите на најранливите и имунокомпромитирани, кои наскоро ќе добијат револуционерен третман.

Молнупиравир е одобрен од британската регулаторна агенција MHRA за употреба кај луѓе со благ до умерен ковид-19 кои имаат барем еден фактор на ризик за развој на сериозна болест (дебелина, на возраст над 60 години, дијабетес и срцеви заболувања).

Антивирусни лекови како што е молнупиравир ја намалуваат способноста на вирусот да се реплицира, а со тоа ја забавуваат болеста.

Нивната примена може да биде двојна – го спречуваат развојот на тешки симптоми, а оние кои биле во близок контакт не ги развиваат.

Тие се препишуваат на пациентите во рок од неколку дена по позитивен тест и го преполовуваат бројот на хоспитализирани, покажаа клиничките испитувања.

Британската влада, соочена со високи стапки на инфекција со Ковид-19, на 20 октомври објави дека нарачала 480.000 пакувања молнупивир. Таа, исто така, потпиша договор за 250.000 пакувања ритонавир, антивирусен лек од американската компанија Pfizer, кој веќе се користи против ХИВ и чија ефикасност против коронавирусот се тестира.

Франција нарача 50.000 дози таблети Мерк.

Овие лекови се наменети за најчувствителните, со цел да се намали притисокот врз болниците.

Во Обединетото Кралство досега повеќе од 140.000 луѓе починале во пандемија. Притисокот врз болниците се зголемува со илјада хоспитализации дневно и близу 9.000 моментално хоспитализирани со Ковид-19.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име